По инспирирација од традиционалната Фануропита, ова е поздрава верзија на вкусен колач, следејќи го истиот принцип – точно 9 состојки. Од оригиналниот рецепт, 6 состојки останаа исти, а промена има кај шеќерот, маслото и брашното. Наместо шеќер - урми, наместо сончогледово масло – кокосово масло, а наместо бело брашно – овесно брашно, односно овесни снегулки сомелени во блендер до добивање на фина, брашнеста структура.