Принцезата од Велс, како мајка на три деца, секојдневно се соочува со нивните палавштини и внимава на нивното однесување во јавноста, а кога работите ќе излезат од контрола – има проверен метод. Кејт Мидлтон е мајка на три деца и редовно се појавува со нив на важни настани на кралското семејство, а најмногу внимание често привлекува принцот Луис, кој со своите гримаси, гестови и палавштини веќе неколкупати ја насмеал јавноста. Принцезата од Велс, наводно, има едноставен начин со кој им дава до знаење на своите деца дека е време да се смират.