Александра Заева, ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, летото го искористи за незаборавна авантура во Шпанија, каде уживаше во комбинација од романтика, патувања, добра музика и атмосфера исполнета со медитерански шарм. Во друштво на својот сакан Филип Арсов , Александра посети неколку атрактивни шпански дестинации, а дел од најубавите моменти од патувањето ги овековечи со фотографии и ги сподели со своите следбеници на Инстаграм. Меѓу местата што оставиле посебен впечаток на младата двојка е Севиља – град познат по својата уникатна архитектура, тесните улички, темпераментот и препознатливата андалузиска атмосфера.