Тим археолози открил древна гробница со останки од 38 луѓе, како и предмети изработени од бакар и злато, во Чан Чан, на северот од Перу, соопшти перуанското Министерство за култура, а пренесе „Франс 24“ Колективната гробница била откриена пред неколку недели во Чан Чан, околу 500 километри северно од главниот град Лима. „Пронајдовме останки од 38 лица кои биле погребани на погребна платформа“, изјавил археологот Хорхе Менесес на прес-конференција одржана на местото на откритието. „Истражувачите меѓу пронајдените останки идентификуваа клучна личност која припаѓала на елитната група во општеството Чиму, стара околу 600 години“, објаснил Менесес.