Ново истражување објавено во списанието „Cell Press Blue“ покажа дека поголемиот внес на протеини не е секогаш подобар: за многу возрасни лица кои не се особено физички активни, помалиот внес на протеини би можел да придонесе за поздраво стареење, па дури и за подолг живот По анализата на повеќе од 350 студии спроведени врз луѓе, глувци и други организми, научниците утврдиле дека намалувањето на внесот на протеини може да го подобри метаболизмот, да го промени начинот на кој клетките реагираат на хранливите материи, да го намали оштетувањето на клетките и да го подобри нивното функционирање. Сепак, придобивките зависат од возраста, здравствената состојба и нивото на физичка активност на поединецот. „Сосема е јасно дека протеините имаат позитивен ефект врз растот на мускулите и врз одговорот на организмот на вежбањето кај физички активните лица“, изјави еден од авторите на студијата, Дадли Ламинг од Универзитетот Висконсин-Медисон.