Ставот е дека кофеинските пијалаци не би требало да се користат 3-5 часа пред заминување на спиење. Не би препорачал повеќе од 2 до 3 кафиња дневно, вели професор Војводиќ во еклузивното интервју за МИА. Квалитетниот сон не е луксуз, туку биолошка потреба за одржување на физиолошката рамнотежа и здравјето на мозокот, а мигрената и епилепсијата претставуваат сериозни невролошки состојби, кои бараат системски, навремен и индивидуализиран тераписки пристап.