Промената на навиките во исхраната може да има важна улога во регулирањето на холестеролот, а кардиологот д-р Оливер Гутман од лондонската болница „The Wellington“ издвои една намирница која особено добро се вклопува во исхраната за здраво срце. Станува збор за авокадото, кое изобилува со незаситени масти, растителни влакна, витамини и минерали Кај покачен холестерол важно е да се намали внесот на храна богата со заситени масти и почесто да се избираат намирници кои содржат незаситени масти. „Исхраната нека се темели на овошје, зеленчук, интегрални житарки и немасни извори на протеини.