Неограничениот животен век е научно возможна перспектива, но најголемиот предизвик е да се искористат механизмите што го овозможуваат продолжувањето на животот без истовремено да се активираат механизмите што им овозможуваат на клетките на ракот неконтролирано да се размножуваат, вели теоретскиот физичар Мичио Каку во интервјуто со водителот Стивен Бартлет во „The Diary Of A CEO“ Неограничениот животен век е научно возможна перспектива, но најголемиот предизвик е да се искористат механизмите што го овозможуваат продолжувањето на животот без истовремено да се активираат механизмите што им овозможуваат на клетките на ракот неконтролирано да се размножуваат, вели теоретскиот физичар Мичио Каку во интервјуто со водителот Стивен Бартлет во „The Diary Of A CEO“ . Каку објаснува дека клучот за разбирање на процесот се теломерите, структури на краевите на хромозомите кои се скратуваат при клеточната делба. Според него, откривањето на ензимот кој може да го спречи скратувањето на теломерите, отворило прашања за можноста за значително продолжување на животниот век. Како што појаснува Каку, теломерите функционираат како своевиден биолошки часовник, бидејќи стануваат пократки секогаш кога клетката се дели.