Кога станува збор за заштита од сонце, клучно е да се користи производ со заштитен фактор (SPF) од најмалку 30, но се поставува прашањето дали подобар избор е крема или спреј. Иако двата производи се подеднакво ефикасни ако правилно се нанесат, дерматолозите истакнуваат дека кремите во пракса често се покажуваат како подобар избор. Причината е едноставна – луѓето често го нанесуваат спрејот нерамномерно и во недоволна количина, што го намалува нивото на заштита, додека нанесувањето крема е попрецизно и потемелно, пишува „Health“ Повисокиот SPF по правило е подобар, но само до одредена граница, вели д-р Вивијан Чин, основачка на центарот „Koru Wellness & Aesthetics“.