Но, овој древен метод, исто така, покажува потенцијал во лекувањето на симптомите на депресија, иако механизмите на неговото дејство досега не се целосно разјаснети.
„Нова мета-анализа на скенирањата на мозокот на пациентите нуди прв конкретен увид во невролошките промени што ги промовира акупунктурата, пишува „Сајенс алерт“ ( Science Alert ). Научниците од кинескиот Универзитет во Пекинг во медицинското списание „Медисин“ ( Medicine ) објавија анализа на седум претходни клинички испитувања во коишто се вклучени вкупно 357 пациенти со големо депресивно растројство.