Сирупот од босилек, кога се користи со антидепресиви, може да помогне во ублажување на симптомите на анксиозност и депресија. Тоа е главниот заклучок на ново истражување објавено во списанието „Брејн енд бихејвиор“ ( Brain and Behavior ), при што важно е да се напомни дека наодите се прелиминарни и се добиени на релативно мал број испитаници. Иако овие резултати не може да се сметаат за замена за стандардните терапии и лекови, тие покренуваат интересни прашања за улогата на хербалните лекови во поддршката на менталното здравје, пишува „Вомен'с хелт“ ( Women's Health ). Во испитувањата учествувале 60 возрасни лица, со 18 до 65 години, на кои им е дијагностицирано големо депресивно растројство со придружна анксиозност.