Мирисот на печени пиперки, големата тава што со часови се меша и задолжителното парче топол леб на крајот – подготовката на ајварот е еден од оние есенски ритуали што во многу македонски домови значат многу повеќе од подготовка на зимница. Рецептите можеби се слични, но речиси секое семејство има своја мала тајна. Колку долго треба да се печат пиперките, кога е вистинскиот момент за лупење, колку треба да се цедат и, секако, колку долго треба да се меша ајварот.