Наставници, учители, педагози и просветни работници од Куманово денеска учествуваа на советувањето… Наставници, учители, педагози и просветни работници од Куманово денеска учествуваа на советувањето „Библиотека, темел на писменоста – читањето во ерата на екраните: битка меѓу алгоритмите и книгата“, на кое се отвори прашањето како да се поттикне читањето кај децата во време на сè поголема употреба на дигиталните уреди и вештачката интелигенција. Советувањето е дел од активностите посветени на Неделата на детето, 5 Октомври, Денот на учителот, одбележувањето на 80 години од излегувањето од печат на првото детско списание и првиот буквар на стандарден македонски јазик. Настанот е организиран како заедничка иницијатива на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ при УКИМ, здруженијата на просветни работници, библиотеката од Куманово, Фондацијата за култура од Куманово.