Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго. Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на неговиот најдобар пријател Мет Дејмон, кој исто така освои милион долари на квизот, а средствата ги донираше на својата хуманитарна организација „Вотер“ Тој не можеше да го скрие воодушевувањето по освојувањето на главната награда. Во моментов во Конго се соочуваат со криза предизвикана од еболата.