На 29 јули се навршија точно 45 години откако светот со восхит ја следеше венчавката на тогашниот престолонаследник Чарлс и младата припадничка на богатото аристократско семејство Спенсер, Дајана. Тоа беше спектакуларна церемонија што влезе во историјата – не само на британската монархија, туку и на популарната култура Тогашниот принц од Велс долго време барал сопруга која еден ден ќе биде крунисана покрај него. Иако бил вљубен во тогаш мажената Камила Паркер Боулс, Чарлс, наводно, за малку ќе се оженел со припадничка на руското царско семејство Романов, Олга Романова, или со принцезата Елизабета од Југославија, негова подалечна роднина.