Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три, шест до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност, истакна на денешното сослушување во Основниот кривичен суд во Скопје техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за... Текстот Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек е превземен од А1он . Текстот Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек е превземен од А1он Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три, шест до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност, истакна на денешното сослушување во Основниот кривичен суд во Скопје техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Даниловски, одговарајќи на директни прашања од одбраната, укажа дека по дополнителни увиди во целокупната документација за лекувањето на поедини пациенти, утврдил дека вештото лице на Обвинителството – доктор Маја Радник од Словенија не располагала со целокупната медицинска документација за лекувањето кај повеќе пациенти. Од 165 достапни документи за дадена терапија на еден конкретен пациент, Даниловски нагласи дека, на вештото лице Маја Радник и биле дадени 60, додека кај друг пацинет, како што посочи, не биле дадени медицински документации за 11 години лекување, туку само за последните неколку месеци.