Со песна, оро, традиционални носии и колоритно дефиле низ градските улици, Крива… Со песна, оро, традиционални носии и колоритно дефиле низ градските улици, Крива Паланка синоќа ја отвори тридневната фестивалската програна на 21 Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, манифестација што повеќе од две децении ги поврзува луѓето и културите преку универзалниот јазик на фолклорот. На фестивалското дефиле низ главната градска улица и плоштадот учествуваа десетина фолклорни ансамбли од земјава и од странство: Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија и Украина, кои заедно со домашните ансамбли пред публиката ги претставија богатството и убавината на културното наследство. Фестивалот свечено го отвори градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој им посака топло добредојде на сите учесници и гости, посочувајќи ја важноста на фестивалот како место за културна размена, дружење и создавање нови пријателства меѓу народите.