Актерката Сидни Свини и музичкиот менаџер Скутер Браун уживаат во луксузниот одмор. Парот во петокот бил фотографирана како се качува на луксузната суперјахта на милијардерот Дејвид Гефен на Мајорка, Шпанија, а денот го поминале и возејќи се на џет-ски Суперјахтата „Rising Sun“, која е во сопственост на Гефен, се проценува на околу 400 милиони долари. Свини (28) при качувањето на јахтата носела бела блуза, жолти кратки панталони и кафеави каубојски чизми, додека Браун (45) исто така избрал лежерна комбинација – бела маица под откопчана светлосина кошула, кафеави кратки панталони и кралскосина бејзбол капа свртена наназад.