Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за учениците и вработените во училиштата, кои денеска ја почнуваат учебната година, со цел да се спречи ширење на заразни заболувања поради честите контакти. Во препораките со мото „Здрави ученици – здрава иднина!“, кои ги сподели и Министерството за образование и наука, ИЈЗ меѓу другото препорачува лична хигиена. Во препораките со мото „Здрави ученици – здрава иднина!“, кои ги сподели и Министерството за образование и наука, ИЈЗ меѓу другото препорачува лична хигиена – миење на рацете, проветрување на просториите, препораки при настинка и навремена вакцинација според календарот за имунизација.