Една од омилените македонски телевизиски водителки, Лила Филиповска, септември го дочека далеку од градската гужва – на грчкото крајбрежје, каде што веќе неколку дена ужива во летната атмосфера во друштво на пријатели. Иако календарски летото полека се ближи кон својот крај, за Лила очигледно нема причина за збогување со сонцето, морето и плажата. Со своите објави таа покажа дека ужива во секој момент од одморот, а покрај убавите пејзажи, вниманието на следбениците го привлече и нејзиниот летен стајлинг.