Пред три години, на својот роденден, 13-годишниот Леон доживеал ситуација која тешко би ја поднело кое било дете – на неговата роденденска прослава, иако биле поканети повеќе дечиња, речиси никој не дошол Годинава, сликата била целосно поинаква. Леон , кој има дијагноза за атипичен развој (аутизам), својот 13-ти роденден го прослави во Градскиот парк, каде што го опкружувале голем број деца, пријатели и луѓе кои сакале да му покажат дека не е сам. Посебно изненадување за него бил и концертот на Тамара Тодевска и Пајак , кои настапиле на неговата роденденска прослава и дополнително ја разубавиле атмосферата.