Емили Ратајковски уживаше во одморот изминатите неколку дена со своите најблиски, што го потврди и со нова објава на социјалните мрежи Моделот, која ја нарекуваат една од најубавите жени денес, Емили Ратајковски , максимално го уживаше летниот одмор, а ги спои семејните, пријателските и љубовните моменти, што ги покажа во нова серија фотографии објавени на Инстаграм. Една од најпопуларните модели позираше за неколку фотографии во тесно бикини и покажа дека внимателно ги следи модните трендови, бидејќи носи комбинација со точки што е апсолутен хит ова лето. Не го пропушти ниту леопардскиот принт , а се чини дека претпочита модели што се врзуваат под градите.