Бруклин Бекам, најстариот син на британскиот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, целосно ја прекрил тетоважата „мамино момче“ („mama’s boy“), која во 2017 година ѝ ја посветил на својата мајка, во екот на долготрајниот конфликт со семејството Бекам (27) сега врз тој натпис има голема цветна тетоважа, инспирирана од букетот што неговата сопруга Никола Пелц го носела на нивната венчавка во 2022 година. Тој и претходно почнал да ја прекрива тетоважата, но сега натписот посветен на Викторија целосно исчезнал, пренесе британскиот портал „Метро“. Бруклин ја покажал новата тетоважа на фотографија што ја објавил по трчање, а британските медиуми го толкуваат овој потег како уште еден јавен знак за неговото оддалечување од родителите.