Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ на 24 септември ќе го… Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ на 24 септември ќе го одбележи петгодишниот јубилеј од своето возобновување, со богата музичка програма во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Директорката на Фестивалот „Весело Штурче“, Ирена Крстевска Стевановска вели дека ќе се слушнат нови композиции напишани и испеани од млади таленти и ќе има посебна програма со настапи на познати гости, меѓу кои и Нела Манческа и Зоран Илиев, како и учесници од претходни изданија на ,,Весело штурче“, кои ќе се вратат на големата сцена, за да ја споделат љубовта кон детската песна. Влезниците за јубилејното издание ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември, а публиката на 24 септември ќе ги слушне новите 22 песни, ќе ужива во настапите на гостите и во магијата што ја нуди „Весело Штурче” веќе пет години.