Јавна тајна е дека постојат одредени суми за одредени лекари, општо-познато е дека без пријател, Јавна тајна е дека постојат одредени суми за одредени лекари, општо-познато е дека без пријател, без врски и без пари не можеш да завршиш работа по болничките ходници, велат дел од споделените сведоштва за доживеаната корупција во македонскиот здравствен систем. Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем, посочуваат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Тие денеска во центарот на Скопје поставија симболична „Чекална за бесплатни специјалистички здравствени услуги„ со фигуративни суми за здравствените услуги кои граѓаните, во теорија, од јавнот здравствен систем би требало да ги добијат бесплатно.