Кога ќе спомнеме зимница, најчесто мислиме на тегли полни со печени пиперки, ајвар, туршија, кисели краставички или зелка. Но, секако постои поинаков начин на чување на зеленчукот за зимските месеци, а тоа е ферментација. Начинот на подготовка на рецептите е едноставен, зеленчукот се посолува, се трие додека не пушти сопствен сок, а потоа се остава.