Манекенката Шарлот Д’Алесио се прости од својот поранешен партнер Пресли Гербер, кој почина на 28-годишна возраст, со емотивна порака во која призна дека чувствува „огромен бес“ Гербер, синот на славната манекенка Синди Крафорд, починал во центар за рехабилитација во Лос Анџелес, а веста за неговата смрт ја потврдил портпаролот на неговата мајка. По трагедијата, семејството ја замоли јавноста за приватност. Д’Алесио, 28-годишна канадска манекенка, била во врска со Гербер од 2018 до 2020 година.