Повеќе од 100 години откако беше првично синтетизиран и по децении медицинска употреба за дијабетес тип 2, вистинскиот потенцијал на „Метформинот“ можеби сè уште не е целосно реализиран. Можеби најзанимливото тврдење, засновано на повеќе истражувања, е тоа дека овој лек може да има моќни својства против стареењето и кај луѓето и кај животните. Во научен труд објавен во списанието „Ејџинг“ ( Aging ), научниците ги прочучувале начините и ефектите во забавувањето на стареењето и продолжувањето на долговечноста.