Сиена Милер и нејзината ќерка Марлоу биле вистинска атракција на премиерата на новата серија „War“, а со својата убавина ги воодушевиле сите присутни. Милер, една од најпознатите американско-британски актерки, манекенки и модни икони на својата генерација, која во мај на 45-годишна возраст го доби своето трето дете, во Лондон ја претставила својата нова серија „War“ („Војна“), која се состои од осум епизоди. Најголема поддршка во текот на вечерта ѝ била нејзината 14-годишна ќерка Марлоу, која ја добила од претходната врска со актерот Том Стариџ.