Една од најпознатите модели на сите времиња, Кристи Бринкли, која наполни 72 години во февруари, прошета по модната писта за време на Неделата на модата во Њујорк, по речиси седум години отсуство. Бринкли беше една од ѕвездите на модната ревија на дизајнерот Денис Бас, одржана на 14 септември во Њујорк. За големото финале, таа избра елегантен гламурозен фустан со отворени рамена, украсен со бисерни детали и провидни ракави.