„Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше просечна на ниво на држава. Највисоката максимална температура во државата беше измерена на 20 јули во Гевгелија и изнесуваше 39,5 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 10 јули, и изнесуваше 4,6 степени“, соопшти УХМР.