Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на врнежите, на одделни места е можно да наврнала и значително поголема количина дожд. За денеска метеоролозите најавуваат сончево и топло време во претпладневните часови, додека попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.