Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), признанијата му се врачени во знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност, на настан организиран од Македонската австралиска заедничка организација (МАЦО). „Признанието од Парламентот на Викторија на отец Гаврил му го врачи пратеничката Натали Хачинс, Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), признанијата му се врачени во знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност, на настан организиран од Македонската австралиска заедничка организација (МАЦО). „Признанието од Парламентот на Викторија на отец Гаврил му го врачи пратеничката Натали Хачинс, за неговата континуирана работа, пожртвувана служба и поддршка на македонската заедница во државата Викторија. Признание од Владата на Викторија му предаде министерката Ингрид Стит. Ова признание е доделено во соработка со МАЦО, за неговиот повеќе од дваесетгодишен придонес во работата со младите, зачувувањето на македонската култура, традиција и идентитет, како и за неговото активно општествено ангажирање.