Секоја недела во раните утрински часови повеќе православни верници се упатуваат кон Матка, на литургија во манастирот посветен на Успението на Пресвета Богородица. Доаѓаат и на празници, на вечерни бденија, да помогнат доколку сестринството во манастирот има потреба од тоа, но и да научат како се изработуваат бројаници, кадилници, да цртаат, да бојат… И покрај Секоја недела во раните утрински часови повеќе православни верници се упатуваат кон Матка, на литургија во манастирот посветен на Успението на Пресвета Богородица. Доаѓаат и на празници, на вечерни бденија, да помогнат доколку сестринството во манастирот има потреба од тоа, но и да научат како се изработуваат бројаници, кадилници, да цртаат, да бојат… И покрај тоа што Матка е едно од најпознатите туристички места во Скопје и има бројни посетители, овој православен храм, затскриен на една височинка на влезот од кањонот, има посебен мир и е духовна храна за многумина, како од главниот град, така и од други делови на земјата и пошироко.