Празникот Голема Богородица не е само црковна прослава, туку празник на духовноста, традицијата и Празникот Голема Богородица не е само црковна прослава, туку празник на духовноста, традицијата и едно од најстарите наследства на Скопје – а за тоа сведочат и бројните храмови кои со векови се издигале во нејзино име во градот кој ја смета за своја покровителка. Онаа на која денеска дојдовме молитвено да и се поклониме е избраната девојка од Назарет, скромната и понизна Марија која светот не ја знаел, но небото ја знаело, која немала круна, над неа се поклонувале ангелите – порача во своето обраќање Австралиско – новозеландскиот митрополит Никола кој ја водеше литуригијата. Денеска земјата го испраќа своето најчисто чедо кон небото, а небото ја прима мајката на животот, денес не плачеме зошто Богородица заминува од нас и се радуваме затоа што гледаме каде води патот на оној кој што целосно му се предал на Бога.