Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а… Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Како што напомена Томовски во гостување на една од националните телевизии, за само две години се потрошени околу два милиона евра за сервисирање на сегашниот владин авион кој е од 2004 година и често бил вон употреба поради дефекти.