„СДСМ повторно ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, односно 600 евра, а ќе предложи и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што произлегува од зголемувањето на платата, најави претседателот на партијата и пратеник Венко Филипче на денешната прес-конференција во Собранието.
Тој додаде дека во законското решение ќе биде опфатена и мерка за поддршка на приватниот сектор и ќе биде предложена на почетокот на следната недела.
„Уште една мерка е субвенција на придонесите за приватните компании за разликата на придонесите во однос на зголемувањето на минималната плата, да им се помогне и на компаниите и да не им биде дополнителен товар во оваа тешка ситуација, знаејќи колку должи државата и во однос на повратот на ДДВ.