Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ - бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага.