Ние сме цврсто убедени дека со заеднички сили можеме да ги промениме и затоа инициравме една дискусија, една платформа која не беше насочена спрема никого“, рече Петров и додаде: „Евидентно е дека ќе се случи катаклизма, на сите анкети СДСМ е 7,5, 8%, затоа што побрзо дојде до промена, шансите се побрзо да закрепне и СДСМ меѓутоа и едно здраво раководство на СДСМ да агрегира една силна опозиција околу себе, разговарајќи со сите“.