По завршување на летниоте одмори, кога пратениците ќе се вратат во Собрание, СДСМ ќе поднесе интерпелација… По завршување на летниоте одмори, кога пратениците ќе се вратат во Собрание, СДСМ ќе поднесе интерпелација за претседателот Африм Гаши. Венко Филипче, лидерот на СДСМ, на брифингот со новинарите, рече дека вчерашниот настан во Собранието, каде всушност пратениците беа оневозможени да поставуваат пратенички прашања, е само еден од показателите дека Собранието не функционира. Тој рече дека се сомнева дека потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска заедно со власта ги режирала вчерашните случувања, практично да се даваат повеќе паузи и да нема време да се продолжи седницата.