Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на… Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостувањето во гостување на една од националните телевизии се осврна на, како што рече, ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДСM, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Ова е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија. Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника, истакна Муцунски.