„Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија.
Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции.
„Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на прозивките, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА ја пренесува интегрално.