Во Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна… Во Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“.
„На настанот се обратија Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“, заедно со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а свое обраќање имаше и Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ, информира вечерва ВМРО-ДПМНЕ.