Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција на Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДС, Љупчо Николовски, упати барање за извинување кон мене како граѓанин на државата, затоа што моите изјави му донеле душевна болка, а во барањето вели дека изјавите … Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција на Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДС, Љупчо Николовски, упати барање за извинување кон мене како граѓанин на државата, затоа што моите изјави му донеле душевна болка, а во барањето вели дека изјавите на една од моите прес-конференции кои сум ги имал биле неточни, поточно за кусокот на жито од Агенцијата за стокови резерви и за доделување на грант за фирмата „Тргопродукт“, попозната со брендот МАМАС на Заеви, од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра, информира денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски истакна дека Љупчо Николовски не се појавил денеска во судницата и не доставил докази за да демантира изложените факти.
„„Имено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони жито од стоковите резерви, а потоа е набавена скапа пченица за стоковите резерви и за тоа дека како член на владата било дадено 1,4 милиони на фирмата на Заеви под име „Тргопродукт“.
И што е најважно токму во времето кога генерален секретар на партијата е Љупчо Николовски.
„Ете заради ова сметаме дека е пристрасно и под влијание од страна на тужителот од причина што вештото лице кое го изготвило овој Вешт наод и мислење е долгогодишен член на СДС, донатор токму во времето кога тој бил генерален секретар на партијата, и дополнително бил именуван и како Директор на клиниката за психијатрија токму во владата на Зоран Заев, каде тужителот односно Љупчо Николовски, во тие моменти бил Министер за земјоделие, рече портпаролот на владејачката партија.
Наместо, како што вели, со факти да демантира, тој не дошол денеска на суд.
„„Не дојде денеска на суд да каже дека моите тврдења душевно го повредиле и дека тој претрпел душевна болка.
Во продолжение, тој упати прашања до Николовски во врска со наводен дуплекс стан од околу 180 квадратни метри во „Дајмонд мол“, прашувајќи дали имотот е во негова сопственост и, доколку е така, зошто не бил пријавен во имотниот лист.
„Манасиевски изнесе и наводи дека Николовски, додека бил на владина функција, наводно користел службени возила за патувања од Скопје до Крива Паланка и назад, меѓу другото, за да се шиша кај лице кое подоцна станало советник во Советот на Општина Крива Паланка од редовите на СДСМ.