Инвестиции од 78 милиони евра во најмалку 300 образовни објекти се реализираат преку Министерството за образование и наука и Владата, со цел подобрување на условите за настава и студентскиот стандард, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање. Навистина се преголеми инвестициите, 78 милиони евра во најмалку 300 објекти - нагласи Јаневска, истакнувајќи дека квалитетното образование е невозможно без соодветна инфраструктура. Според неа, од почетокот на мандатот се вложени 35 милиони евра во седум нови училишни објекти во Бутел, Чучер-Сандево, Куманово, Чашка и Тетово, реконструирани се повеќе од 30 училишни спортски објекти, а во тек е изградба на четири нови спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и во Липково.