Македонските матуранти ја положија државната матура со просечен успех 3,66. Тие за првпат годинава полагаа според… Македонските матуранти ја положија државната матура со просечен успех 3,66. Тие за првпат годинава полагаа според новата концепција која предвидува три категории на матура, државна, државна стручна и државна уметничка. Вкупно полагале речиси 14.600 ученици, а околу 350 не се појавиле на испитот, информира министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која е задоволна од текот и резултатите. Паралелно со порастот на успехот, имаме и значително намалување бројот на препишувачи, информираат од државниот испитен центар.