Хуманизмот е помагање на другиот и на народите, а делото на Светите браќа Кирил и Методиј и на Светите Климент и Наум и денес им помага на многу народи, порача поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кому денеска во Охрид му беше врачена Големата повелба на хуманизмот по повод 40-годишнината Хуманизмот е помагање на другиот и на народите, а делото на Светите браќа Кирил и Методиј и на Светите Климент и Наум и денес им помага на многу народи, порача поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кому денеска во Охрид му беше врачена Големата повелба на хуманизмот по повод 40-годишнината од неговото замонашување. Заблагодарувајќи се за признанието, архиепископот Стефан пред присутните на церемонијата во Куќата на МАНУ, потсети дека неговото замонашување се случило во 1986 година, на празникот на Свети Наум, за по 40 години признанието да му биде врачено повторно на празник посветен на светителите и просветителите. Никому ништо во живот не му се случува случајно.