Познатата уредничка и новинарка на телевизија Сител, Славица Арсова , уште еднаш докажа дека совршениот стил не бара комплицирани трансформации, туку само вистински избор во вистинско време. Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од својот најнов изглед, кој веднаш предизвика лавина од позитивни реакции и комплименти. Цаци е добро позната по своето секогаш средено и елегантно издание, но овој пат донесе една поинаква, свежа стилска нота.