Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека по… Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека по повод првиот училиштен ден нејзини претставници ги посетиле руралните училишта „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Ранковце и истоименото училиште во село Герман. Директорката на Агенција, Ана Михајлов, и градоначалникот на Ранковце, Даниел Павловски, им поделиле ранчиња на учениците на настанот на кој домаќин бил заменик-директорот на училиштето, Мартин Маџовски. Денес сме тука за да им покажеме на учениците дека се важни и дека поддршката и можностите треба да бидат достапни за сите, без разлика каде живеат.