Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието.
„На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините, за финансирањето на изборната кампања за повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа - 2026 година, Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 - 31.12.2025 година и Завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 - 31.12.2025 година.
Членовите на комисијата ги прифатија и посебените извештаи на ДКСК за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија, како и за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа – 2026 година.
„ ▷ Во собраниска постапка беше доставен и годишниот извештај на ДКСК за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година и завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година.
Дополнително ќе нагласам дека во однос на анализата, односно разгледувањето на финансиските извештаи на учесниците во изборниот процес, Државната комисија е потполно ограничена, пред сѐ и со буџетски ресурси и со вработени лица, и со години се потпираме на меѓународна поддршка, конкретно од ИФЕС, рече Чучуљ.
„За посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа во 2026 година, истакна дека немало оформено ниту предмети, ниту приговор од страна на организатор на изборна кампања и учесници на изборите.